Потпретседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Ефтим Митревски, во пресрет на Новата 2025 година, на Македонците во Албанија, им упати најтопли честитки до секој од нив.
– Нека Новата година донесе здравје, радост и благосостојба во вашите домови. Нека ни биде година на нови победи, на заедништво и на посветена работа за зачувување на нашите права, јазик, култура и македонски идентитет, стои во честитката.
Додава дека, сите овие години покажавме дека преку истрајност, единство и љубов кон своите корени можеме да ги надминеме сите предизвици. Продолжуваме и понатаму, со гордост и одлучност, да ја негуваме и пренесуваме нашата богата традиција и историја на идните генерации.
– Со желби за година исполнета со успеси и светли перспективи за секој Македонец во Албанија, ви посакувам среќна и благословена 2025 година! Со почит и верба во заедничка иднина, посакува Ефтим Митревски.
©Македониум