Македонците од Мала Преспа денеска свечено го одбележаа празникот „Св. Архангел Михаил“, кој воедно е и селска слава на Пустец и заштитник на тамошното македонско население.

По повод големиот празник, беше отслужена утрена богослужба и Света Божествена Литургија.

Со богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Корчански г. Анастасиј, во сослужение со свештениците од Мала Преспа, отците Алекс Темелко и Ропи Арѓири.

Во чест на празникот, за сите присутни верници беше приреден празничен ручек, а одбележувањето беше збогатено и со македонска музика во изведба на познатиот пејач од Мала Преспа, Кристијан Ѓорѓи.
©Македониум
