Бугарската амбасада во Албанија донираше опрема и компјутери за општината Пустец, област населена со македонско малцинство. Овој потег на бугарската амбасада во Тирана Македонската алијанса за европска интеграција го квалификува како провокација, јави Репорт тв.
За МАЕИ бугарското знаме на пакетите е отворена провокација.
„Целта е да се создаде впечаток дека тука живее различно малцинство од она што го признава албанската држава, а тоа се Македонците. Државата мора да реагира бидејќи на овој простор се знае дека има само македонско малцинство. Овде признаваме две знамиња, албанско и знамето на оваа област, македонското“, изјави Ефтим Митревски, потпретседател на партијата за албанските медиуми.
Информацијата ја пренесоа и други албански медиуми и сите наведуваат дека во оваа општина живеат припадници на македонското малцинство.
©Македониум