Деновите пред новогодишните празници од страна на бугарските пропагандисти во Република Албанија, беа искористени за нов обид за барање на Бугари во селата во Голо Брдо. Имено, конзулот на бугарската Амбасада во Република Албанија делел новогодишни пакетчиња на учениците од школото “Елез Кочи“ во Мало Острени и на учениците во школото “10 покојници” во Требиштe, област Голо Брдо.
На ваквите активности од страна на Македонците во Голо Брдо е остро реагирано, а бројни реакции пристигнаа и до Македонско друштво “Илинден“-Тирана.
Во нив се вели дека подла и необјаснива е акцијата на Бугарската амбасада во Тирана, која делењето на новогодишни пакети на учениците од школото “Елез Кочи“ во Мало Острени и на учениците во школото “10 покојници” во Требиштe, во областа Голо Брдо претставува уште еден акт за пропагандни цели од страна на претставниците на бугарската амбасада. Според реакциите на жителите на селата Острени и Требиште, со ваквата активност насочена директно кон учениците на училишта во селата во Голо Брдо, се скрнави и историската вистина дека во мугрите на 4 март 1916 година, томку бугарските сили за време на бугарската окупација на Голо Брдо, ги заробиле Елез Кочи и Ќазим Дука од селото Големо Острени и после брутално мачеше живи ги закопале во близина на реката во село Верница, Голо Брдо. Кога се има предвид дека едно од училиштата каде Бугарската амбасада ги делела пакетчињата на Македончињата го носи името на Елез Кочи, крвнички убиен од бугарските крвници, јасна е пораката дека Бугарите сакаат да им порачаат на младите генерации Македонци од Голо Брдо дека тие треба да си ја заборават историјата и жртвите од бугарските ѕверства.
Ваквата постапка на Бугарската амбасада, според Македонците во Голо Брдо, е недозволива и не смее да се повтори.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана и весникот “Илинден“, како репрезенти на Македонците од Албанија се солидаризираат со бројните реакции на македонското население во Голо Брдо. Воедно, сметаме за потребно на светската јавност да ѝ ја пренесеме пораката на Македонците од Голо Брдо во која јасно се отсликува македонското чувство на Македонците од Голо Брдо, од кои беше побарано да признае дека е бугарско. Македонците во Република Албанија говорат дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари!
Меѓутоа, ниту теа јасно декларирање на Македонците во Албанија, не ја запре крајно подлата намера на Бугарската амбасада да ја замајува светската јавност дек Македонците се Бугари, а со ефтина пропагандистичка акција да се обидува на македонските деца со новогодишни пакетчиња да се обиде да им ја избрише меморијата за крвничките Бугари кои ги убивале патриотите како Елез Кочи и Ќазим Дука.