Книгата „Американски сон“ промовирана во Ресен, Македонија

Во малата сала на Општина Ресен, Република Македонија, се одржа промоцијата на книгата „Американскиот сон“ од авторот Ерис Руси, која ја раскажува неверојатната животна приказна на Беќир Потка – патување од пеколот на комунистичка Албанија до остварувањето на американскиот сон.

На овој посебен настан присуствуваа ученици од средното училиште „Цар Самоил“ од Ресен, наставниот кадар и љубители на книгата. За книгата зборуваа авторот Ерис Руси и Јонела Спахо, деканка на Факултетот за образование и филологија при Универзитетот „Фан Ноли“ во Корча, споделувајќи длабоки размисли за силата на човечкиот дух.

Приказната на Беќир Потка е сведоштво за храброста и истрајноста. Во 1989 година, на само 23-годишна возраст, тој донел одлука што му го променила животот засекогаш: избегал од изолираната Албанија, поминал безброј перипетии во бегалските кампови во Грција и потоа изградил нов живот во Соединетите Американски Држави.

Пораката на Беќир Потка до сите млади е инспиративна:
„Еден човек може да успее во секоја ситуација, само преку истрајност и добри цели.“

Одговарајќи на прашањата на младите, Беќир Потка ги охрабри да се осмелат, да бидат истрајни и да ги следат своите соништа, велејќи:
„Изградете го вашиот живот и живејте со големата вистина што ја носите во себе!“

Промоција која останува во мислите и срцето – повик за слобода, храброст и непокорлив дух!

Васил Стерјовски