Атанас Плоча: Ќе продолжам да им служам на сите Македонци во Општина Пустец

Зам/градоначалник на Општина Пустец и член на Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), м-р Атанас Плоча, во честитка по повод Новата 2025 година, на Македонците во Општина Пустец им посака здравје, среќа, радост и бериќет во нивните домови.

– Како ваш заменик-градоначалник од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција, со огромна чест и посветеност, ќе продолжам да им служам на сите вас и во годината што следи. Ќе вложам максимум од моите можности за развојот на нашата мила Преспа, зачувувањето на нејзините природни убавини и подобрување на животот на сите жители на нашата општина, стои во честитката.

Додава дека Нека Новата година донесе напредок, просперитет и уште посилно единство меѓу нас Македонците, за заедно да ги зачуваме и унапредиме нашите вредности и традиции.

– Среќна Нова година и секое добро во 2025 година, посакува м-р Атанас Плоча.

©Македониум