Јордан Јанкула: Преспа е наш дом, наш корен и нашa гордост

Советникот во Советот на Општина Пустец и член на Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Јордан Јанкула, во духот на празничната магија, на Македонците во Општина Пустец, им ја честита Новата година и им посака здравје, среќа и бериќет во секој дом!

– Како советник во Советот на Општина Пустец од Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), уверувам дека ќе продолжам да бидам вашиот глас, цврсто стоејќи во одбрана на интересите на Македонците во нашата општина, стои во честитката.

Додава дека ќе се залагам за зачувување на нашиот идентитет, традиција и култура, како и за унапредување на животните услови во нашата заедница.

– Преспа е наш дом, наш корен и нашa гордост. Затоа, заедно ќе работиме за подобра иднина за сите нас. Среќна Нова година, посакува Јордан Јанкула.

©Македониум