Членот на Извршниот комитет на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Јован Фило, на Македонците во Врбник и Деволската област, им ја честита Новата 2025 година!
– Вашата посветеност за зачувување на македонскиот јазик, култура и традиции е извор на гордост и инспирација за сите нас. Врбник, како симбол на чисто македонско население, е доказ за нашата истрајност и љубов кон татковината. Нашите песни, ора и обичаи се жива врска со нашето богато културно наследство, стои во честитката.
Додава, дека иако сме соочени со предизвици и притисоци, нашата заедничка сила и решителност ќе ни помогнат да опстанеме како Македонци на нашите вековни огништа. Заедно ќе продолжиме да се бориме за унапредување на нашите права и зачувување на иднината за следните генерации.
– Нека Новата година Ви донесе здравје, радост и благосостојба, а нашето заедништво нека биде столб за уште поголеми успеси, посакува Јован Фило од Врбник.
©Македониум