ТЕМНИНА НАД ПРЕСПА
Грми и татни од небото
Св. Илија се налути,
а в темнина во Преспа
езерото клокоти и врие.
Се спои небото и земјата
дождот плиска по езерото,
а водата во трите дела
се размати за сите чеда.
Чеда мои разделени
Господ нека ве повела
тој ќе ги брише сите меѓи
напрвени од туѓи заповеди.
Знаци, меѓи, нишани и синори
за секогаш ќе бидат избришани,
пак езерото ќе биде ведро,
навека светло, чисто и едно.
ПРЕСПАНСКИ КАМБАНИ
Камбаните бијат
меѓите гнијат
деловите се мијат
од делбите
се кинат.
Луѓето пијат,
меѓите ги немат,
рибарите ловат.
Македонците пејат,
Преспа не е делат.
Камбаните бијат
одекнуваат,
заносно силно бијат.
ΠΟΡΑΚΑ
Со тага езеро ме дочекуваш,
со болка ме примаш,
со бранови игриви ме галиш
ти што блискаш и од лут бол пискаш.
нечујно мене ми викаш.
Јас сум од истиот македонски сој
разделен и распустен од мојот рој.
Така и ти разделено
на три дела
стенкаш во водата врела.
Пораката што ми ја праќаш
ќе ја носам со себе до века,
езерото да не биде разделено
Европо,
народот тоа го чека.
Злате Крстески