По барањата на Македонците и на Австралискиот пратеник Лук Симпкинс, да се санкционираат и да запрат нападите на Црвено-црната Алијанса врз Македонците во Пустец, како и да им се овозможи образование на мајчин јазик во Голо Брдо претставници на Американската амбасада и на Европската Унија во Тирана, ја посетиле општина Пустец каде оствариле средба со градоначалникот Едмонд Темелко, Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција и Бесник Хасани, претседател на македонско друштво “МОСТ” од Голо Брдо.
– Во посета на нашата општина беше американскиот дипломат задолжен за човекови права Џеј Потер заедно со претставник на ЕУ. Тие искажаа целосно разбирање за нашите барања и ветија дека сериозно ќе реагираат до владата на премиерот Сали Бериша околу дискриминацијата на Македонците. Разговорот имаше голема тежина и ни влеа надеж дека меѓународната заедница ќе изврши притисок врз властите во Република Албанија и оти конечно ќе се почне со решавање на проблемите на Македонците во Албанија – изјави Темелко.
Меѓу другото, тие и запознале со проблемите околу образованието, непризнавањето статус на малцинство на целата територија на Албанија, дискиминирачкиот попис чии резултати не ги признаваат заедно со другите малцинства и ред други проблеми. Посебно станало збор за дивеењето на членовите на националистичката Алијанса „Црвено црни“ во Пустец и се погласната националистичка реторика на албанските политичари.
Инаку, со проблемите со кои се соочуваат малцинствата во Албанија, и неостварувањето ни најминималните нивни легитимни права, кон крајот на август лани, на маргините на Школата за млади лидери во Охрид преставници на македонското и ромското малцинство во Албанија, Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција и Арбен Костури претседател на ромското здружение “Дисутни Албанија” го запознаа Филип Рикер заменик помошник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави.
Заменик-помошникот државниот секретар Рикер на средбата со нив истакнал дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да помагаат во интегрирањето на Албанија во Европската унија, затоа што ова е единствената алтернатива на Албанија како и на земјите од регионот, и оти почитувањето на правата на малцинствата е еден од приоритетите од исполнувањето на стандардите за европската интеграција. (Македониум)
Nje nga kushtet qe duhet te bkerkoje Europa ndaj Qeverise Shqiptare per ta pranuar si antare, duhet te jete edhe trajtimi i pakicave kombetare. Dhe per kete duhet qe evropianet te marin kontakte te drejtepersedrejti, si ne rastin konkret, se po ti degjosh qeveritaret dhe partite politike te majta dhe te djatha, mburen se ne qenkemi vendi me ideal per trajtimin e pakicave kombetare. Kete nuk duhet ta thote mazhoranca, por duhet ta themi ne.
Sic po rrjedhin ngjarjet ne kete vend neqoftese nuk frenohen turmat e irituara, do kemi probleme,ku do vihet ne rezik bashkejetesa.Me keqardhje konstatojme se mjaft gazetare si Zheji,mjaft “intelektuale” si Koco Danaj, mjaft drejtues partish si Kreshnik Spahiu dhe kryetari i cameve Shpetim IDRIZI, kane mare nje revansh te tmereshem ndaj kombeve te tjera qe jetojne ne Shqiperi, me te gjitha format e mjetet.Se ku e kane mare kete “detyre” dhe nga kush nxiten e perkrahen ata e dijne vet.