Македонска алијанса за европска интеграција по повод 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба упатува честитки до сите граѓани на Македонија и до сите Македонците во целиот свет.
Пред 120 години во Солун, шестмина македонски визионери ја формираа Внатрешната Македонска Револуционерна Организација – ВМРО, како прва организирана политичка организација, поставувајќи ги темелите на семакедонскиот отпор и стремеж за слобода и обединување зачувано до денес. Овој датум ги постави темелите на македонската државност.
Обврска на секој Македонец каде и да се наоѓа е да го зачува својот идентитет и брани и одбрани името на Македонија и на македонскиот народ.
Нека е вечен споменот за македонските револуционери. (Македониум)