„Да кажеме високо и јасно: не на бугарската антимакедонска политика! Ние никогаш не сме биле и нема да станеме Бугари. Ние сме биле и секогаш ќе бидеме Македонци!“

Оваа силна порака одекна во Корча, Албанија, од Руси Златенов, претставник на партијата ОМО „Илинден“-Пирин од Бугарија, за време на активност на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Од Корча, Златенов испрати јасна порака до Македонците во Албанија и до сите Македонци: македонскиот идентитет не се негира, не се продава и не се менува.
Македонци сме биле, Македонци сме и Македонци ќе останеме!
©Македониум
