Стерјовски: Марија Димкова беше вистинска чуварка на македонската песна и духот на Македонците од Егејска Македонија

Со архимандритот Никодим Царкњас и Кирил Тилев, претседател на ОМО Илинден, денес во Штип ја испративме во вечноста нашата драга Марија Димкова.

Тетка Марија беше вистинска чуварка на македонската песна и духот на Македонците од Егејска Македонија. Нејзиниот глас, засекогаш ќе остане во срцата на сите што ја познаваа и ја слушаа како со гордост ги пее македонските песни од Егејот.

Нека продолжи и во рајските градини да ги пее песните за Македонија.

Изразувам искрено сочувство до семејството Димкови, дом кој отсекогаш бил собиралиште на Македонците, место на топлина, љубов и непоколеблива верност кон македонската кауза.

Вечна да е нејзината светла и благородна душа!