Македонската фолклорна група „Илинден“ од Мисисага, Торонто, постигна голем успех на Меѓународниот фолклорен фестивал во Краков, Полска, освојувајќи ја првата награда. Со автентични македонски ора, носии и песни, групата ги воодушеви жирито и публиката, покажувајќи го богатството на македонската традиција.

Во составот на групата играат и млади Македонци чии корени се од Мала Преспа, област во Албанија со вековно македонско население. Овие млади луѓе, чии семејства се иселиле во Канада, со својот ангажман ја чуваат и пренесуваат македонската култура и идентитет, и покрај генерациската и географската оддалеченост од родниот крај.
Претставниците на групата изразија гордост што успеаја да го претстават македонското културно наследство пред интернационална публика.

Фестивалот во Краков, еден од најреномираните фолклорни настани во Европа, годинава собра групи од повеќе земји, а триумфот на „Илинден“ е потврда за квалитетот и автентичноста на македонскиот фолклор, без разлика дали се негува во Македонија, Албанија или во иселеништвото во Канада.
©Македониум
