Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува судењето во Основниот суд Корча, против претседателот на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, по тужба од Милен Врабевски, претседател на антимакедонската бугарска фондација “Бугарска памет“.

Фондацијата “Бугарска памет“ чиј претседател е бугаринот Милен Врабевски го тужи Васил Стерјовски и единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, во Основниот суд во Корча, Албанија, поради дописот на Македонска алијанса за европска интеграција од 24 јануари 2024 година до албанскиот премиер Еди Рама, албанските институции на власта и странските амбасади со барање за забрана на активностите на антимакедонската бугарска фондација “Бугарска памет“ во Албанија. Антимакедонската бугарска фондација “Бугарска памет“ преку адвокатска канцеларија од Тирана бара јавно извинување и оштета од 10.000 евра.
СМК за оправдани ги смета барањата на претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски на последното рочиште во Основниот суд Корча, да биде отстранет агентот на бугарската разузнавачка служба – Државна агенција за национална сигурност – ДАНС, кој го следи судењето, бидејќи влијае на свдеоците, страните во спор, Судот и текот на судењето.
СМК за оправдано го смета и барањето, на претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски на последното рочиште во Основниот суд Корча, за преведувач на македонски јазик, како основно право за праведно и фер судење, обвинувајќи ја антимакедонската бугарска фондација “Бугарска памет“ како “инструмент на бугарската држава за асимилација на македонското малцинство во Албанија“.
СМК изразува огорченост поради индолентноста на Македонското министерство за надворешни работи и надворешна трговија и македонската амбасада во Тирана, кои не го следат со свој претставник судењето во Основниот суд Корча, против Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција по тужба од антимакедонската бугарска фондација “Бугарска памет“.
СМК бара Македонското министерство за надворешни работи и надворешна трговија и македонската амбасада во Тирана да го следат со свои претставници судењето во Основниот суд Корча, против Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција по тужба од антимакедонската бугарска фондација “Бугарска памет“!
СМК бара Македонската влада да ги покрие трошоците од можна пресуда во Основниот суд Корча, против Васил Стерјовски, претседател на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција по тужба од антимакедонската бугарска фондација “Бугарска памет“!
СМК смета дека Македонската влада и македонските министерства треба да демонстрираат дипломатски активизам со ефективни мерки во заштитата и унапредувањето на положбата и правата на Македонската заедница во Албанија, а не со гола реторика и селекција на подобни и неподобни!
