Пишува Јохан ЕЛЗЕСЕР
Доброутро, министре за надворешни работи, никогаш до сега јавно не сум се обратил до господинот Тимчо Муцунски, актуелен министер за надворешни работи, но бидејќи имаме “случај” и како човек кој ја сака Македонија, сакам да го потсетам на нешто што е во негов ресор, следново…

Се работи за судскиот процес во Основниот суд во Корча, во рамки на постапката по тужба поднесена од Фондација „Бугарска меморија“ на Милен Врабевски од Бугарија, против Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и нејзиниот претседател Васил Стерјовски. Линк https://vesnik-ilinden.com/sterjovski-barashe-vo-sudot-vo-korcha-da-se-odstrani-agentot-na-bugarskata-razuznavachka-sluzhba-i-pobara-preveduvach-na-makedonski-jazik/?fbclid=IwY2xjawRiCmRleHRuA2FlbQIxMQBzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEePcz24EZil8cIG3A9t_lVQ4LcSvFJLcUk3oJyuuQPJwO_p53jTeLXw4YDqwI_aem_PTr_Hb8ECg17tuha6zuaeA
1. Станува збор за македонски активист поточно лидер на Македонска партија во соседна земја кој ги брани интересите на Македонците кои се загрозени од обидите за бугарска асимилација во Албанија.
2. За Бугарите таа политика е со приоритет број 1, што се гледа од примерот – и покрај адвокатите на фондацијата, Бугарија го пратила и конзулот за будно да го следи судењето.
3. Сегашната Македонска влада, која е победник на последните избори во Македонија, меѓу другото и поради антибугарските наративи, дали некого испрати на судењето во Корча против Васил Стерјовски? Не!
4. Лидерот на македонската партија во Албанија господинот Васил Стерјовски побара преведувач на македонски јазик на рочиштето во Корча што е причина плус – Македонската амбасада во Тирана да биде заинтересирана. Македонската амбасада во Тирана, колку што се знае, е во Ваш ресор министре Тимчо Муцунски.
И последно и за мене најважно…
5. Лидерот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) господинот Васил Стерјовски освен што бара преведувач, дополнително бара судот да го отстрани агентот на бугарската разузнавачка служба – Државна агенција за национална сигурност ДАНС со што директно ја стави Албанија на тест во судењето по тужба од бугарска организација.
Според мене, огромна е причината за присуство на Македонија во наведениот судски процес.
Ви благодарам на вниманието и се надевам дека некој од вашите администратори ќе ви го пренесе напишаново, за да Вие на крај одлучите дали му е потребна помош на нашиот сограѓанин Васил Стерјовски, кој се бори за интересите на Македонците во друга држава а има притисок од трета држава. Јас мислам дека треба!
За подобра Македонија!
