Центарот за рурален развој оддржа предавање на тема “Хармонија во различноста“

Во Струга се одржа едукативно предавање посветено на темата „Хармонија во различноста“, на кое присуствуваа ученици и наставници од локалните училишта.

Предавањето го одржа Васил Стерјовски, кој настапи во име на Центарот за рурален развој од Струга. Тој пред присутните ја презентираше својата работа и искуствата стекнати од учеството во меѓународниот проект „Хармонија во различноста: Музика за социјализација и самоизразување низ културите“, реализиран во Писури, во регионот на Лимасол, Кипар.

Проектот беше организиран од Активни кипарски програми и европско учење во прифаќање (ACPELIA) и имаше за цел да ги поттикне младите на социјализација и самоизразување преку музиката, како и да ја зајакне меѓукултурната соработка.
Од Центарот за рурален развој на семинарот учествуваше група од пет учесници, кои преку различни активности имаа можност да стекнат нови знаења и вештини во областа на интеркултурниот дијалог.

Во своето излагање, Стерјовски говореше за значењето на почитувањето на културните различности, размената на искуства меѓу младите од различни земји, како и за придобивките од програмите на Еразмус+, кои овозможуваат вакви меѓународни соработки и образовни искуства.

Настанот предизвика интерес кај учениците и наставниците, отворајќи простор за дискусија за улогата на младите во градењето на општество базирано на толеранција, разбирање и меѓусебна почит.