До манастирот “Света Марена” до село Туминец, општина Пустец, областа Мала Преспа, Албанија, се наоѓа Пештерската црква “Пресвета Богородица”. Вреди да се види, човек да ужива во мирот и природата на брегот на Преспанското езеро во Албанија. Стара е повеќе од пет века, ако не и повеќе. Своевремено испосници монаси овде тихувале и се молеле на Бога, зографирале пештерески цркви во кои живееле.

Во влезот на пештерската црква “Пресвета Богородица” се наоѓа фреската на Свети Александар, единствена фреска, таква икона на друго место во светот не постои, со фараонска круна на главата на светецот. Најверојатно фрескописецот цртајќи го Светецот Александар мислел на Александар Трети Македонски како фараон на Египет. На градите на светецот има четири пафти со двоглавиот орел, лавот, сонцето и македонскиот симбол на вечноста.
