Македонска народна песна од Мала Преспа, запишана од страна на познатиот писател од македонско потекло, Стерјо Спасе.

МАРЕ, МОРЕ МАРЕ
Маре, море Маре
Зашто бело ткаеш
а пак ц’рно носиш?
дали мајка жалиш,
дали стари татко!
– ниту мајка жала,
ниту стари татко!
туку си го жала
мојто п’рво лубе!
комита м’и ојде,
кончето м’и дојде,
момчето не дојде!
под седлото најдов
книга написана!
во книгата пиши:
“м’жисе Маре,
мене не ме чекај!
јаска са оженав
за ц’рната земја!
за ц’рната земја,
за Македонија!”
извор:
Македонски Народни Песни од Мала Преспа
aвтор: Стерјо Спасе
Тирана, 20 април 1965 г.
