КУЛТУРНО – НАЦИОНАЛНА АВТОНОМИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА 1947 – 1948

Летото 1947 година бугарската Влада и се обраќа на Владата на Југославија со барање за што поголем број на културни и просветни работници од Македонија, неопходни за спроведување на културно-национална автономија на Македонците во Пирионска Македонија. Со специјален закон изгласан во бугарското Собрание, во август 1947 година. во училиштата во Пиринска Македонија е воведен како предмет македонски литературен јазик и македонската национална историја. За таа цел Владата на НР Македонија, во договор со бугарската Влада испраќа во Пиринска Македонија 93 учители.

Во почетокот на есента 1947 година од Мкедонија за Пиринска Македонија заминале професори, учители, книжари, актери и режисери. Во Горна Џумаја (ноември 1947) е отворен Македонски народен театар и одиграна е битовата драма „Печалбари“. Во Петрич, Горна Џумаја, Неврокоп и неколку поголеми села отворени се книжарници. Весникот „Нова Македонија“ во Принска Македонија се продавал во тираж од 2.000 примероци, „Млад Борец“ во тираж од 2.500, а Пирински весник“ во тираж од 7.200 примероци.

Кога бугарските власти утврдуваат дека големо е расположението за изучување на македонскиот литературен јазик било пуштено „откритието“ дека македонскиот јазик е тешко совладлив поради честата употреба на србизми. Воедно се заборавало дека и кога Македонците со векови живееле во соседство со Срби, Бугари и Грци (понекогаш и во заеднички држави) природно е што нивниот јазик трпел влијанија од сите соседни јазици , како што и тие трпеле влијанија од јазицире што им биле соседни.

Факт е дека последиците од минатото ќе исчезнеле ако културно-националната автономија на Македонците во Пиринска Македонија не била прекината во летото 1948 година.

Стево Симски