Настава на македонски јазик во Албанија, од I – IV одделение, е воведена веднаш по завршување на Втората светска војна. На македонски јазик се учи во деветте села на Мала Преспа (Горна Горица, Долна Горица, Туминец, Глобочани, Шулин,Пустец, Леска, Зрновско, Церје) с. Врбник (Билишта) и во областа Голо Брдо, во с. Врница, с. Пасинки и с. Ѓинеец. Во 1948 год., наставата по македонски јазик на Голо Брдо е укината.

Во 1962 година, предметот македонски јазик, што дотогаш се изучува само од од I-IV одделение, се проширува до VIII одделение. Покрај предметот македонски јазик, на македонски јазик се изучува предметот Запознавање на природата во V одделение и Историја на македонскиот народ во VII одделение.
Од 1992 година, во средното училиште во Пустец во I и II година е воведен предметот македонски јазик додека целата настава е на албански јазик.
На Тиранскиот универзитетот, на Катедрата по славистика е формирана Група македонски јазик. На секои четири години се запишуваат околу петнаесетина студденти, воглавно Албанци, да студираат македонски јазик.
Стево Симски
