ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ – 25.12.1903

Книгата „За македонцките работи“ од личноста на македонскиот 20 век, Крсте Петков Мисирков, е објавена на 25.12.1903 година.

Книгата „За македонцките работи“ била печатена во т.н. „Либерален клуб“. Книгата има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор. Четири од петте поглавја се говори коишто Мисирков ги читал на состаноците на македонскиот литературен кружок во Русија.

Поглавјата на книгата се: Предгоор; Шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред? Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства? Националниот сепаратизм: земишчето, на коіе се имат развиіено и ќе се развиіат за однапред; Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел’на етнографцка и политична іедница? Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик.

Во книгата „За македонцките работи“ Мисирков го надградува „Македонското прашање“ со потребата од афирмација на националната свест и ослободување на Македонците како посебен народ. Нагласена е потребата од основање на стандарден македонски јазик, правопис и азбука како темели на самобитноста и посебноста на македонскиот народ во етногеографските, етноисториските и етнодуховните граници на независна Македонија.

Стево Симски