Македонците од Мала Преспа, во селото Шулин, и оваа година традиционално го одбележаа големиот христијански празник Свети Никола, продолжувајќи ја вековната духовна и културна традиција на заедницата.

Овој празник претставува еден од најзначајните настани за мештаните, кој се одбележува со голема радост, почит и заедништво. Во утринските часови, Отец Ропи и Отец Алексо во црквата во Шулин отслужija света литургија, на која присуствуваа бројни верници не само од селото, туку и од околните населени места.

По завршувањето на литургијата, празнувањето продолжи во свечена и радосна атмосфера. Присутните имаа можност да уживаат во македонски ора и традиционални македонски песни, со што уште еднаш беше истакнато богатото културно наследство на Македонците од Мала Преспа. Посебен белег на празничната програма даде настапот на познатиот пејач од Мала Преспа, Кристијан Ѓорѓи, кој беше топло пречекан од публиката.

Со ваквите собири, Македонците од Мала Преспа ја негуваат и пренесуваат својата вера, традиција и национален идентитет на идните генерации.
©Македониум
