Во организација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, денес, во ресторанот “Оаза” во Штип, се одржа традиционалната Семакедонска среда 2025.

Присутните ги поздравија Стојан Димков претседател на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова“ од Штип, Александар Јаневски претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, проф.д-р Никола Жежов, и Кирил Тилев претседателот на ОМО ИЛИНДЕН.
На Семакедонската средба со песни и ора настапи музичката група од Егејскиот дел на Македонија “Ритмот на Македонија“, составена од млади музичари од Мегленскиот крај.
Покрај нив, свој настап имаа прекрасниот вокал со нејзината група Моника Стојчева и Ансамблот за традиционална музика и игра “Митко Алексов” од Кочани, предводена од Даниел Ѓеоргиевски.

На Семакедонската средба 2025 присуствуваа Македонци од сите делови на Македонија.
Семакедонската средна 2025 беше одлична и незаборавна, присутните се дружеа во евоции на спомени и инцијативи за работа, уживаа во песните и ората од Егејскиот дел на Македонија.
©Македониум
