ПЕНЗИОНЕРИ ОД МАЛА ПРЕСПА НА ПОСЕТА ВО KАВАДАРЕЧKО

Пензионери од Мала Преспа, Албанија како плод на соработка со Здружението на старосни пензионери од Kавадарци  на 3 и 4 август остварија посета на Кавадарци и на  поткожувското село Чемерско.

Од Мала Преспа на посета беа 25 пензионери предводени од Цветко Бачевски, кмет на село Пустец, додека нивни домаќин беше Трајко Тасев, со кого потпишаа договор за соработка. Средбаите ќе биде традиционална како во кавадаречко така и во Мала Преспа, додека соработката ќе биде на сите полиња.

Во селото под Kожуф двете групи пензионери се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини – тегнење со јаже, шах, домино, пикадо, табла. Натпреварувачите рекоа дека победите не се важни, туку дружењето.

– Многу ми се бендиса, многу добри луѓе, многу убо чисто еколошко место. Ако сака некој здравје, тука да си дојде. Оти ова тука е како воздушна бања – нагласи Бачевски.

Освен селото со чист воздух и убава природа, на гостите од Мала Преспа многу им се допаднаа и тиквешката жолта ракија и црвеното вино. Прославија со песни и ора во срцето на планината Kожуф. (Македониум)