Глобалната Македонска Фондација Вечна во посета на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

Денес, претставници на Глобалната Македонска Фондација Вечна (ГМФВ) остварија значајна средба со доц. д-р Стојанче Костов и проф. д-р Зоранчо Малинов, в.д. директор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје.

Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со заедничка цел – зајакнување на соработката во зачувувањето и промоцијата на македонската традиција и фолклорното наследство.

Како гест на почит и благодарност, претставниците на ГМФВ подарија дрвена скулптура, рачно изработена од Будимир Апостолски, еден од најпознатите македонски уметници од Тетово, чија уметност ја одразува длабочината на македонскиот дух и традиција.

©Македониум