Грција не дозволува влез на нејзина територија за македонските активисти.
Најпрвин на 20 јуни му забранија влез на Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, кој има американски пасош и е еден од најголемите донатори на активностите на македонското малцинство во Грција, Бугарија, Косово и Албанија како и на македонската дијаспора. Образложението од документот што тој го добил е дека преставувал опасност за националната безбедност во Грција. За овој случај реагираа Стејт департментот и американската амбасада во Грција. Ѓорѓија Џорџ Атанасовски одел на семакедонскиот собир во селото Овчарани.
На 21 јуни влез во Грција им е забранет и на Ташко Јованов и Александар Георгиев и двајцата активисти на Македонците со потекло од Егејска Македонија.
Додека на 27 јуни не му беше дозволено влез во Грција и на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко иако има и службен албански пасош.
Иако Едмонд Темелко одел на официјална средба со градоначалникот на општина Преспа во Грција работејќи на заеднички европски проект за погранична соработка, сепак не бил пуштен на граничниот премин Меџитлија, каде му бил даден да потпиши документ во кој стоело дека немал соодветни документи за влез во земјата. Темелко најави дека ќе се жали кај грчката амбасада во Тирана и меѓународните институции во Албанија. (Македониум)