Членот на Извршниот комитет на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Сефер Сефери, на Македонците во Каваја и Драч, со сето срце им ја честита Новата 2025 година!
– Нека оваа година Ви донесе многу здравје, среќа и успеси, и нека биде година на заедништво, љубов и просперитет за секој од Вас и Вашите семејства. Нашата заедничка посветеност за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура останува нашиот водечки принцип, стои во честитката.
Додава, дека во годината што доаѓа, ќе продолжиме заедно да работиме на унапредување на правата на Македонците во Албанија, зачувување на нашите традиции и зајакнување на нашата заедница.
– Со желби за радост и успеси во секој Ваш чекор. Среќна Нова година, посакува Сефер Сефери кој живее во Каваја.
©Македониум