Потпретседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за Тирана, Ендрит Фетаху, до Македонците во Тирана, упати искрени честитки по повод Новата 2025 година.
– Нека оваа година донесе здравје, радост и успеси во Вашите семејства, а на нашата македонска заедница во Тирана – нови можности за напредок и афирмација. Со гордост и посветеност, да продолжиме заедно да го негуваме македонскиот јазик, култура и традиции, оставајќи траен белег на македонскиот дух во нашата земја, стои во честитката.
Затоа, додава, се надевам дека Новата година ќе биде исполнета со лични и заеднички успеси, со сила и верба да ги надминеме сите предизвици кои ќе ни се најдат на патот.
– Среќна и бериќетна Нова година, посакува Ендрит Фетаху.
©Македониум