Борјан: Посветени сме за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура во областа Гора

Членот на Извршниот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Горан Борјан, во честитка по повод Новата 2025 година, на Македонците во Гора им ја честита Новата 2025 година со најискрени желби за здравје, среќа и просперитет во нивните семејства.

– Годината што изминува беше полна со предизвици, но и со моменти кои ја потврдија нашата заедничка сила, истрајност и посветеност за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура во областа Гора, стои во честитката.

Додава дека во Новата година, со уште поголем елан и заедништво, да продолжиме да ја јакнеме македонската заедница, да ги зачуваме нашите вредности и да работиме за иднина која ќе биде на гордост за сите нас.

– Среќна Нова година! Нека Ви донесе радост, успех и нови можности за напредок во секоја сфера од животот, посакува Горан Борјан.

©Македониум