Претседателот на партијата на Македонците од Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ, Васил Стерјовски, при неговиот престој во Торонто ја посети црквата Свети Климент Охридски – најстарата македонска православна црква надвор од Македонија, која претставува вистински духовен и културен столб за Македонците во Канада.
Стерјовски изјави дека со задоволство учествувал на богослужбата и на повеќе настани, каде што го пречека отец Сашо Целески, кој му покажал искрена гостопримливост и му подари библија.
– Оваа црква не само што ги згрижува духовните потреби на македонската заедница, туку е и дом на значајни образовни, културни и добротворни друштва, кои се грижат за зачувување на македонскиот етнички и културен идентитет. Посебно ме радува што Македонците од Албанија активно учествуваат во богослужбите и различни активности во црквата, со што ја зајакнуваат заедницата и ја продолжуваат македонската традиција во Канада, изјави Стерјовски.
©Македониум