Централната изборна комисија на Албанија ја одби жалбата на МАЕИ за пребројување во Мала Преспа, Гора и Голо Брдо


Централната изборна комисија на Албанија не је прифати жалбата на партијата Македонска алијанса за европска интеграција за пребројување на кутиите во повеќе гласачки места во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.

Жалбата на Македонска алијанса за европска интеграција до Централната изборна комисија

Жалбата на Македонска алијанса за европска интеграција до Централната изборна комисија


На 28 јуни 2013 година, Македонска алијанса за европска интеграција  достави жалба до Централната изборна комисија на Албанија од која бараше поништување на изборните резултати и пребројување во две населени места ва општина Пустец, и во сите населени места во општините Требиште и Острени во областа Голо Брдо и општините Запод и Шиштавец во областа Гора.

Според Изборниот закон, Македонска алијанса за европска интеграција како вонпарламентарна партија немаше право на свои членови и наблудувачи во изборните комисии. Со овој изборен закон се пенализираат малите партии кои што немаат пратеник, и се повтори истото сценарио од 2009 година кога поголемите парламентарни партии, претежно Демократската и Социјалистичката партија ги крадат гласовите на помалите партии кои што немаат членови во изборните комисии.

Како и во 2009 година, така и за овие парламентарни избори од 23 јуни 2013 година на Македонска алијанса за европска инеграција им се украдија гласови речиси на целата територија на Република Албанија. Така, во Голо Брдо во општините Требиште и Острени населени со етничко македонско население,  според  Централната изборна комисија, Македонска алијанса за европска интеграција освои 10 гласа, по 5 во двете општини.

Бесник Хасани, потпреседател на Македонска алијанса за европска интеграција и кандидат за пратеник од МАЕИ за регионот на Пешкупија во кој спаѓа и областа Голо Брдо за весник Македониум  изјави дека ова го нема никаде во светот и за уште 100 години не верува дека во Албанија ќе има демократски избори каде ке се брое секој глас на секој граѓанин.

Бесник Хасани

Бесник Хасани


”Во моето населено место каде што јас гласав заедно со мојата фамилија, Македонска алијанса за европска интеграција нема ниту еден глас. Исто така, и во другите населени места во општина Требиште и во општина Острени каде што имаме наши структури и наши активисти на Македонската партија немаме ниту еден глас. Немавме право на свои членови во изборните комисии а и кутиите не се броеја во Голо Брдо туку се броеја во градот Булќиза. Дознавме од присутните наблудувачи, кога се броеја гласовите во градот Булќиза, МАЕИ добро котираше и имаше гласови во сите населени места во Голо Брдо, но отпосле кога се правеа записниците сите гласови на МАЕИ се украдени и официјално оставиле само 10 гласови во Голо Брдо”. – изјави Бесник Хасани за весник Македониум.

Исто така, гласови на Македонска алијанса за европска интеграција се украдоа во општините Шиштавец и Запод во областа Гора, населени претежно со македонско население, каде МАЕИ официјално има 22 гласа, во градовите, Тирана, Елбасан, Кукс, Драч, Каваја, Поградец, Корча и Билишта, каде има голема концентрација на Македонци.

Незадоволство од процесот на броење искажаа повеќе мали партии во Албанија, кој исто како и МАЕИ се жалаат на украдени гласови. Илир Мета претседател на Социјалистичкото движење за интеграција чија партија на овие избори се зголеми за 400% за разлика од 2009 година со околу 180.000 освоени гласови, изјави дека овој резулт се должи и на фактот што за разлика од 2009 година, овој пат Социјалистичкото движење за интеграција имаше членови и наблудувачи во изборните комисии кој ги штитеа гласовите. Ова уште еднаш ја отвора дебатата за промени на Изборниот закон.

Според Централната изборна комисија, Македонска алијанса за европска интеграција официјално освои 1224 гласови, од кои 1070 гласови во округот на Корча.

Митинг на Македонска алијанса за европска интеграција во Пустец

Митинг на Македонска алијанса за европска интеграција во Пустец


На овие парламентарни избори МАЕИ се надеваше да освои еден пратеник во регионот на Корча, и тоа ако успееше да излези втора партија во коалицијата со Демократската партија, и освоеше до 3500 гласови и да можеше да го освои шестиот пратеник во коалицијата. Но на овие избори Демократска партија доживеа голем пораз на целата територија на Албанија, и во округот на Корча, успеа да освои само 5 пратеници од вкупно 12 колку што има округот. Со тоа, за да можеше да го освоеше петиот пратеник во коалицијата во округот на Корча, на МАЕИ ќе му требаше 5000 гласа. Ако МАЕИ беше во коалиција со Социјалистите, шансите ќе беа невозможни за освојување на пратеник, затоа што втора партија во коалицијата предводена од Социјалистите во округот на Корча излезе партијата Социјалистичкото движење за интеграција на Илир Мета која освои околу 15.000 гласови. Но со освоените 1070 гласови на МАЕИ во округот на Корча најмногу ќари Демократска партија, која успеа да спаси еден пратеник во округот на Корча. Ако МАЕИ беше во коалиција со Социјалистите резултатот ќе беше 8 со 4 во корист на Социјалистите.

Имено пред и за време на кампањата Мала Преспа ја посетија премиерот Сали Бериша и лидерот на Социјалистите, Еди Рама. Сали Бериша во Пустец на инагурацијата на патот Корча-граничен премин Горица, истакна дека ќе го почитува македонското малцинство и дека од интерес на Албанија е да имаат добри односи со македонскиот народ. Додека лидерот на Социјалистите, Еди Рама од Пустец ги повика Македонците да гласаат за Социјалистичка партија.

Еди Рама во Пустец

Еди Рама во Пустец


“Гласајте за Социјалистичка партија, држете ја членската карта на македонската партија, што има елементи што треба да се почитуваат, што го штитат вашиот идентитет…..Ние ќе ја почитуваме таа партија, но тука станува збор за храна, станува збор за јадење”, – истакна во Пустец лидерот на Социјалистичка партија.  Исто така, Социјалистичка партија во округот на Корча кој што има 12 пратеници, постави на својата листа на 13 место македонска личност од Пустец, се со цел освојување на што повеќе гласови од Македонците во Мала Преспа.

И во овој состав на парламентот на Албанија ќе има Македонци, како дел од албанските партии и тоа од Социјалистичка и Демократска партија. Од Социјалистичка партија има двајца пратеници со македонско потекло, Намик Докле со потекло од Гора и Таулант Бала со потекло од Голо Брдо. Додека од Демократска партија има еден пратеник со македонско потекло, Миќерем Тафај, актуелен министер за образование на Албанија, со потекло од Требиште, Голо Брдо. Но овие пратеници не само што не се декларираат за Македонци туку напротив прават најмногу штета на македонските интереси во Албанија.

На овие избори, коалицијата за Европска Албанија предводена од Социјалистичката партија на Еди Рама, освои 84 мандати додека  коалицијата за вработување, благосостојба и интеграции предводена од Демократската партија на Сали Бериша освои 56 мандати. (Македониум)