БАЛКАНСКИОТ ПОЕТСКИ КАМП “ВАНЧО НИКОЛЕСКИ” МЕГУ МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАЛА ПРЕСПА

Во рамките на воспоставената прекугранична соработка помеѓу Здружението за литератута и куллтура МАЦКОВО од Охрид и Органиазијата за литературно и културно активирање, од Корча, Албанија, денеска, на вториот ден, активностите од шестиот Балканскиот поетски камп за деца и млади, “Ванче Николески” продолжија во Мала Преспа.

Учесниците, најнапред, имаа средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски, на која, како и на останатите манифестации учество зеде и македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски.

Продолжија со посета на гимназијата во Пустец и на музејот “Стерјо Спасе”, во Глобочани, познат албански автор со македонско етничко потекло.

Во извонредно уредениот “Спомен дом”, подигнат во чест на Стерјо Спасе, се говореше за ликот и делото на писателот, се читаа песни на македонски јазик, а беше промовирана книгата “Американски сон”, напишана врз реална животна приказна, од авторот Ерис Руси.

На сите активности присуствуваше и македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски.

Утре, учесниците ќе бидат гости во познатото катче “Култура 365” во старото градско јадро, по што ќе присуствуваат на предавањето на поетскиот портрет на годинешниот добитник на “Златен венец” на СВП, францускиот автор Жан Пер Симеон.

©Македониум