Репортажа на Дојче веле на македонски јазик за изборите во Албанија и настапот на Македонска алијанса. Во прилог интегралниот текст од репортажата.
На албанската политичка сцена со доближување на денот на изборите (23.06.) станува се’ пожешко. Македонците се надеваат дека ќе го остварат историскиот сон да имаат свој претставник во Парламентот во Тирана.
Изборната кампања во Албанија ја карактеризираат тешки меѓусебни обвинувања, главно на лидерите на двете најголеми политички сили, Сали Бериша и Еди Рама: ветувања, искрешни и ограбени изборни штабови, уништени партиски знамиња и пропаганден материјал, па се’ до закани и физички напади на кандидати за пратеници.
Во една ваква изборна атмосфера партијата на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и нивните друштва како никогаш до сега, како што самите тврдат, не биле поединствени и поубедени дека на 23. јуни 2013, ќе го остварат историскиот сон и за првпат ќе имаат пратеник, кој не се срами заради лични интереси да каже тоа што е.
„Во секој парламентарен состав ние Македонците сме имале пратеници Македонци, но, од албанските партии. Тие не само што не се декларираа за Македонци, туку им правеа штета на македонските интереси во Албанија и беа инструмент на албанската држава против Македонците во Албанија“, вели Васил Стерјовски генерален секретар на МАЕИ.
Според него во Албанија има една македонска партија која по своето име и програма се бори за правата на Македонците во Албанија, а тоа е партијата Македонска алијанса за европска интеграција. Постојат, вели тој, три мали партии, со незначително членство, а чии лидери се Македонци од Голо Брдо, но тие не се македонски партии.
МАЕИ е во изборната коалиција „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ која ја сочинуваат 25 партии, предводена од Демократската партија на Сали Бериша и настапува со 86 кандидати Македонци во сите 12 изборни единици.
„Историска прилика“
Партискиот лидер Едмонд Темелко, е убеден дека во изборниот регион на Корча, каде спаѓа Мала Преспа, с. Врбник и градовите Корча, Билишта и Поградец, партијата може да го постигне историскиот успех и преку Валентина Нестор, која е носител на листата во оваа изборна единица, да го добие првиот пратеник во албанскиот Парламент. Таа е по потекло од Пустец, а работи како лектор по македонски јазик на Универизтетот во Тирана.
„Ова е историска прилика, ние Македониците во Албанија да добиеме свој пратеник кој јавно се декларира како Македонец. Треба да гласаме за нашата партија, за нас и нашата иднина, да покажеме дека сме значаен факор во Албанија. Македонската партија е единствена гаранција дека ние Македонците можеме и мораме да се избориме самите за нашите права, за унапредување на нашата положба во Република Албанија. За сигурна победа Валентина треба да добие најмалку 3.500 гласови. Ние во победата сме убедени, зашто само во општина Пустец, во единствениот избирачки сисок има 4.200 гласачи-Македонци“, вели Темелко.
И за Едмонд Османи, еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Голо Брдо, Македонската партија е единствена гаранција за остварување на нивните легитимни права, но и гаранција за развој на Голо Брдо.
„Ние Македонците имаме реални можности да напишеме нова страница во аналите на историјата со изборот на пратеник, кој достоинствено ќе не претставува, ќе се бори за нашите права кои наместо да напредуваат во последните години тие се ускратуваат. Благодарение на партијата денес во Мала Преспа селата си ги имаат автентичните македонски имиња, ние голобрдци добивме премин и во матичната земја стигнуваме за половина час, а не за шест часа, македонскиот во Голо Брдо по првпат ќе се изучува од седмо одделение“, вели Османи, од селото Требиште (Голо Брдо).
Каков е односот кон албанските партии?
Во досегашниот период, според Стерјовски, Македонците во Албанија најмногу ги гласале албанските партии, пред се’ Демократската и Социјалистичката, како најголеми партии во Албанија, но сега веќе се свесни дека со дадениот глас одлучуваат за самите себе.
„Тоа е пред се’ поради економската ситуација и невработеноста која владее во Албанија. Етничките предели каде што живеат Македонците како Гора, Мала Преспа и Голо Брдо се најнеразвиените области во Албанија, со големи проблеми во патната инфраструктура, канализации, водоводи, амбуланти. Доколку некој Македонец сака да се вработи мора да се зачлени во некоја албанска партија и да гласа за таа партија за да се надева за некое работно место. Но, сега нештата се менуваат и ние стануваме се’ погласни“, вели Стерјовски.
Македонците се во коалицијата на актуелниот премиер Бериша, но што ако на изборите победат социјалистите на Еди Рама?
„За Македонците во Албанија ништо нема да се смени, затоа што и социјалистите и демократите имаат иста стратегија за малцинствата, па и за Македонците, стратегија која што од времето на Енвер Хоџа не е промената, а тоа е асимилирање на малцинствата. Во последната година се спроведе дискриминирачкиот попис, како и бришењето на националноста од регистрите од матичната евиденција. Социјалистите воопшто и не реагираа во одбрана на малцинствата, туку за тоа се кординираа со Демократска партија, затоа што беше во нивни интерес асимилирањето на малцинствата“, вели Стерјовски.
Кои се барањата на Македонците во Албанија?
Македонците, на албанската државна телевизија, имаа два термина од по пет минути за претставување на партиската програма. Но за разлика од 2007 и 2009 кога терминот го поделија и се обратија и на македонски, сега тоа не им било дозволено, па претставувањето беше само на албански јазик. Емисии на македонски јазик на државната телевизија, признавање на Македонците без оглед во кој дел од Албанија живеат, образование на мајчин јазик, вработување на Македонци во државните и локалните институции, поголеми вложувања во инфраструктурата се дел од барањата на единствената партија на Македонците. А како што велат нашите соговорници единствен начин за интегрирање на Македонците во Албанија и за развој на областите каде што живеат е освојување на локалната власт во општините каде што се мнозинство и застапување во закондавниот дом, барем со еден пратеник преку МАЕИ. Само така Македонците може да ги осварат своите права, категорични се тие.
Автор Вера Тодоровска
Датум 20.06.2013
znaci tka,no eden prijatel na facebook kace mi kazal deka ste dobri i deka rabotete i imate svoja rabota,egzistencija i p[refekten zivot.zatoa nie od makeodnija nema da se mesame vo albanija i kosovo t.e ke si vlezeme vo ey i nato.