Литературното Друштво “Браќа Миладиновци” од Торонто ги промовираше трите книги “Записи од мојот крај”, “Поезија и проза од мојот крај” и “Преспа под Албанија, Божја убавина” на македонската учителка по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија.
Промоцијата беше многу успешна, привлекувајќи бројно внимание од македонската заедница во Торонто.
Крисанта Јанкула, искажа големо задоволство што е меѓу Македонците во Канада и рече дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.
Во својата работа, додаде, голема помош имала и од нејзините ученици, кои помогнале во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби.
©Македониум