ЧЕТВРТИ МАКЕДОНСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ “ГОРА 2013”

Македонската Горанска заедница на Косово, во соработка со Сојузот на Македонците со исламска религија и Горанското друштво, на 11 мај 2013 година во Брод, Република Косово го организираа четвртиот ревијален македонски фолклорен фестивал „ГОРА ФЕСТ 2013“.

На фестивалот учествуваа Македонци од Албанија, Грција, Бугарија, Турција и Македонија. Одржувањето на фестивалот е во чест на одбележувањето на годишнината од формирањето и регистрацијата на Македонската Горанска заедница на Косово во 2007 година и отворањето на канцеларијата во Брод на 10 мај 2008 година.

Фестивалот има значајна улога во афирмација на културата на Mакедонскиот народ и заштитата на духовното и културно наследство и афирмација на Македонската заедница на Косово. (Македониум)