Македонци во Република Албанија, гласајте за Македонија на “Песна на Евровизија 2013”


На годинешната манифестација “Песна на Евровизија 2013” што ќе се одржи во Малме, Шведска на 16 мај, додека финалето е закажано за 18 мај 2013, Република Македонија ќе биде претставена од Лозано и Есма ќе ја преставуваат Македонија на Евровизија. Гласовите кои ќе бидат дадени од Република Албанија, ќе можат да му помогнат на македонскиот претставник да учествува во финалната вечер. За финалната вечер која ќе се одржи на 18 мај 2013 година се квалификуваат по десет земји од двете полуфинални вечери кои ќе добијат најмногу гласови (50% од вкупните гласови се добиваат од гледачите, а преку гласање со телефонски повик или СМС порака). Од тие причини, активно да се вклучиме во лобирање за гласање, (покрај Вас и Вашите најблиски), од страна на Вашите пријатели, колеги и познаници. На тој начин ќе и дадеме поддршка на културата на Република Македонија и нејзината промоција во музичкиот свет во Европа. (Македониум)