Фетаху: Пописот во Албанија со проблеми, Македонците под притисок да се изјаснат она што не се

Потпретседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Ендрит Фетаху за Косово онлајн изјави дека македонската задница во Албанија за време на пописот се соочувала со притисок од страна на поединци и бугарските институции за да не даде точни податоци за етничката припадност, пренесува весникот „Македониум“.

-Некои од проблемите со кои се соочивме како заедница, беа тие на влијание и притисок од елементи, поединци или дури и странски институции, поточно бугарските во нашата заедница, особено во областите Пустец, Голо Брдо, Гора со притисок што го правеа за да влијаат за неточно и слободно изјаснување на припадниците на нашето малцинство во тие области, вели Фетаху.

Додава дека попишувачите, во повеќето случаи, ги забораваа прашањата кои беа изборни или не ги објаснуваа или воопшто не ги поставуваа.

Тој се задржува и на работата на Комитетот за малцинства, кој е владин орган а има претставници на сите национални малцинства признати во Албанија.

– Во контекст на Комитетот на малцинствата, во рамките на тоа како е формиран, функционира, да речеме одговорностите и овластувањата што ги има, врз основа на законската регулатива, можеме да кажеме дека до одредена точка ја игра својата улога. Нормално, дека има простор за подобрување. Требаше да направи повеќе. Ако ме прашувате мене лично, мислам дека овој Комитет требаше да има поголема автономија. Требаше да има овластувања кои, да речеме, директно да зависат од претставниците на малцинствата, а не од државните политики, оценува Фетаху.

©Македониум