Отворен граничниот премин Џепиште-Требиште

По повеќе од дваесет години чекање конечно проработува граничниот премин Џепиште – Требиште. Од македонското министерство за внатрешни работи соопштija дека согласно договорот меѓу Владата на Република Македонија и на советот на министри на Република Албанија од (02.05.2013 година), започна со работа овој граничен премин за локален граничен собраќај.

 

 

“Граничниот премин Џепиште-Требиште кој ќе работи секој ден од 08:00 до 20:00, односно од 08:00 до 18:00 часот според зимското работно време, наменет е првенствено за жителите на пограничната зона. Исто така засега овој граничен премин ќе може да се минува само пеш, односно не е дозволено минување со моторни патнички возила“ – велат од македонското министерство за внатрешни работи.

 

Македонците кои живеат во овој регион повеќе од 20 години бараа граничен премин. Според нив за да ги посетат роднините и пријателите или за бизнис преку граница која е одалечена четири километри мораа да патуваат и по 70 километри одалеченост до најблискиот граничен премин кај Блато.

 

Споре Васил Стерјовски, генералниот секретар на партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, преминот е особено важен за повеќе од десет илјади жители Македонци, а истиот ќе го запре процесот на миграција од овој регион, поради лошата економска ситуација и лошата инфраструктура.

 

“Во изминатите години скоро ништо да не е инвестиурано во овој регион населен со Македонци. Најблизок град е албанскиот град Пешкопија одалечен 80 километри не асвалтиран пат. Преминот ќе овозможи развој на локалните бизниси и преку гранична трговија, особено помеѓу малите градови и села во близина на границата“, додаде Стерјовски.

 

Жителите кои долго го очекуваа овој премин велат дека најважно од се е тоа што со отварањето на овој граничен премин ќе можат нивните деца да ги праќаат во Македонија за да се школуваат на мајчин македонски јазик.

 

На 22 април 2013 година висока делегација на Македонска алијанса за европска интеграција остварија средба со министерот за внатрешни работи Фламур Нока, каде се договорија за што побргу отварање на граничниот премин Џепиште-Требиште кај Голо Брдо и три гранични премини во Гора. (Македониум)