ВО АЛБАНИЈА НЕМА БУГАРИ НИТУ ВТОРА МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА КАКО БУГАРСКА, ВО АЛБАНИЈА ИМА МАКЕДОНЦИ И ЕДНА И ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНСКА ПАРТИЈА!

Македонска алијанса за европска интеграција ги отфрла тврдењата на Вангел Дуле, претседател на грчката партија, Партија за човекови права, која на заедничка прес-конференција со Изеир Фетаху, претседател на Партијата за демократски просперитет, ја претстави оваа партија како “партија која ги штити Бугарите во Голо Брдо“.

Во Голо Брдо не живеат Бугари, туку етнички Македонци.

Партијата за демократски просперитет до вчера се претставуваше во македонската јавноста како втора македонска партија, а од денеска се претставува како бугарска партија.

Оваа партија не е ниту “бугарска” ниту “македонска”, затоа што е формирана во 1991 година како граѓанска партија, додека партии на етничка основа се дозволени со закон дури од 2004 година.

Жалиме што грчката партија, Партијата за човекови права, е инструмент на грчката и бугарската држава против Македонците во Албанија.

Истовремено, жалиме што одредени институции во Македонија ја поддржуваат оваа партија, а против едниствената Македонска партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција.