Фолклорниот фестивал „Душата на Балканот“ во Корча, групите од регионот ја донесоа традицијата

Во Корча, се организираше фолклорниот фестивал „Душата на Балканот“ на кој учество земаа повеќе фолклорни групи од Албанија, Македонија, Грција и Босна и Херцеговина.

Народните песни и ора внесоа атмосфера во југоисточниот град Корча, каде петта година по ред се организира меѓународниот фестивал „Душата на Балканот“.

Како никогаш досега, дефилето на фолклорните ансамбли од Албанија, Македонија, Грција и Босна и Херцеговина со своите костими и изведби прикажа спектакл на главните улици на градот Корча како и во театарот „Андон З. Чајупи“.

Директорката на културниот центар „Ванѓуш Мио“, Блерта Белиу, изјави дека овој фестивал има за цел преку ора, музика и играње да ја донесе традицијата на соседните народи.

Од Македонија на Балканскиот фестивал во Корча учествуваше КУД „Илинден“ од Битола, кој имаше извонреден настап, со сплет на македонски ора од повеќе региони на Македонија и со воодушевување беа пречекани од корчанската публика.

©Македониум