ПРОГРАМА НА ПАЛИ КОЛЕФСКИ ЗА ОПШТИНА ПУСТЕЦ

ПРОГРАМА НА КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ПУСТЕЦ, ПАЛИ КОЛЕФСКИ ОД КОАЛИЦИЈАТА НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА И МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА ЗА ЕВРОПСКА ИНТЕГРАЦИЈА.

Драги Македонци! Ве повикуваме на 14 мај, да излезиме масовно и да гласаме за Пали Колефски, човек што му го врати ликот на Преспа, човек што неуморно работи за доброто на сите нас. Преспа беше заборавена од сите влади и градоначалници, Пали Колефски е одличен лидер, менаџер, визионер, со кој ќе одиме само напред за развој на нашата Општина. Тоа го покажа во овој мандат со негови безбројни постигнувања. Овие постигнувања и ова развојна програма се посветени на прекрасните и вредни Македонци на општина Пустец, без чија поддршка не би било возможно да се врати изгубеното време и да се врати надежта за иднината.

Заедно постигнавме многу успеси, со задоволство сакам да споделам со вас некој од поважните постигнувања:

– Изградба на водовод за 8 села и 24-часа снабдување со вода за пиење цела Општина Пустец,

– Изградба и реконструкција во село Глобочени на музејот посветен на големиот писател од македонско потекло Стерјо Спасе, реализиран преку проектите ИПА на Европска унија. (Овој проект е избран од страна на ЕУ како најдобро реализиран шроект од овој повик). Општина Пустец учествуваше со кофинансирање со 15% од вкупната вредност, како и со 20% ДДВ.

– Реконструкција на гимназија „Митре Колефски и Трајан Ѓеорѓиевски” во Пустец.

– Систематизација на спортските објекти на гимназијата во Пустец.

– Остварувањето на долгоочекуваниот сон на жителите од општина Пустец, за легализација на објекти, со помош на општина Пустец во соработка со АШК Корча, овој процес успешно продолжува.

– Затворање на 6 депонии од вкупно 8 и функционирање на услугата за чистење во сите села.

– Чистење на земјоделски канали во село Долна Горица, Пустец и Зрноско.

– Успешно продолжува легализација на сите објекти на територијата на Општината.

– Купување на багер кој ќе служи во функција на Земјоделството за чистење на каналите во сите села во општината.

– Обезбедување корпи за отпадоци за сите семејства во општина Пустец.

– Рехабилитација на реката во село Пустец.

– Чистење на резерварите во село Леска, кои им служат на земјоделците.

– Подобрување на уличното осветлување на главните улици на село Пустец со ЛЕД светулки.

– Чистење на јавните плажи на општина Пустец.

– Реставрација на пештерските цркви во соработка со волонтери од европското културно наследство.

– Реконструкција на потпорни ѕидови во сите села.

– Промовирање на вредностите на културното наследство на областа на Преспа преку МИК-фестивалот.

– Организирање на Зимски фестивал и Ден на виното, придружени со панаѓур со традиционална храна и прозводи од областа на Преспа.

– Логистичка подршка за снимање на емисијата “Весилка” преку која се промовираше, традиционалнта храна и македонската култура, традииции и обичаи на Македонците од општина Пустец.

– Поставување на мостови на брегот на езерото за пристап на чамците.

– Инсталација на мобилна зграда за Здравствениот дом во село Туминец.

– Успешно се справиме со пандемијата и бевме блиску до сите семејства да помогниме со хуманитарна помош.

– Успешено го реализиравме прекуграничен проект ИТ КУЛТУРА” – РАЗВОЈ И ПРОМОЦИЈА НА КУЛТУРНОТО И ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ ПРЕКУ МУЛТИМЕДИИ”. Поставени се информативни табли на најважните туристички и културни дестинации, информативни монитори на сите влезни места во општина Пустец, изграден е Газибо во селото Туминец, поставени се скали во пештерските цркви во месноста “Осо”.

– Успешно го реализиравме прекуграничен проект „Net Metering”. Преку овој проект се поставени 17 столбови со ЛЕД светилки со соларни панели.

– Опремување на пожарната служба со сите потребни работи.

– Подобрување на спортските терени во Долна Горица.

– Подобрување на условите во сите училишта (смена на сите маси и столови исто така и врати)

– Обезбедување на возила за отстранување на отпадот.

– Подобрување на главната електрична линија во општина Пустец.

И да не спомнуваме ниту еден од овие инвестиции, фактите се реални и видливи, ова е промената и продолжувањето што ќе го имаме заедно.

ОДОБРЕНИ И АПЛИЦИРАНИ ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ ЗАПОЧНАТ СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ОВА ГОДИНА!

1. Асвалтирање на патот во село Пустец (Април 2023 година).

2. Реконструкција на новата зграда на Општината (Мај 2023 година)

3. Рехабилитација на реката во село Горна Горица која ке му даде нов лик на село Горна Горица. Проектот е одобрен и започнуваме со имплементација во јуни 2023 година)

4 Потпишување на Договор за започнување на најголемиот проект за развој на туризмот во нашата Општина. (Асвалтирање на патот Леска, Зрноско, плажи на брегот на Преспанско Езеро, канализации за отпадни води, шеталиште догло 6 км на брегот на Преспанско Езеро, и многу други работи ). (Јуни 2023 година).

5. Трансформација на село Глобочени во важна туристичка атракција. (Добиен е проект во соработка со Општина Битола и реализацијата започнува во мај 2023 година.

6. Осветлување и изградба на инфраструктура на островот Мали Град. (Мај 2023 година)

7. Аплициран проект во Фондот за развој на Албанија за трансформација на село Долна Горица.

8. Аплициран проект за Отпадни води во село Туминец и асвалтирање на патот во селото.

9. Аплициран проект во Фондот за развој на Албанија за реконструкција на училиштето во село Туминец.

Ова е нашата визија, ова е нашиот пат и ве покануваме да продолжиме по овој пат за да го развиваме ова прекрасно подрачје.

РАБОТИ ЗА ИДНИНА!

– Канализација на отпадни води во сите села.

– Подобрување на патната инфраструктура.

– Отворање на граничен премин со Грција во село Церје.

– Создавање олеснувачка инфраструктура за туристите.

– Подобрување на условите во здравствените домови.

– Промовирање на природните ресурси, традиции, култура,

– Заменување на внатрешната линија за улично осветлување.

– Зголемување на зелените површини.

– Продолжување со легализацијата на објектите на целата територија на општината.

– Инвестиции и поддршка за младите.

– Инвестиции и поддршка за возрасните лица.

– Поддршка и олеснување во процедурите за развој на фамилјарниот туризам преку доградба на куќи за пречек на туристи.

– Поддршка за рибарите преку олеснување на инфраструктурата.

НИКОГАШ НАЗАД- САМО НАПРЕД СО ПАЛИ КОЛЕФСКИ!

Оваа програма не е само законска обврска што ја носам, туку пред се е морална обврска, дека со ваша поддршка ќе можеме да ја решиме секоја мака од оваа програма за нас и нашите деца.