Фудбалската екипа на село Туминец е победник на овогодинешниот фудбалски турнир кој се одржа во Долна Горица, Општина Пустец.
Во финалето одиграно помеѓу фудбалските екипи на Пустец и Туминец победи екипата на Туминец.
Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец традиционално се одржува на ден пред Велигден кога сите Македонци се враќаат од емиграција и на него учествуваат екипи од сите села на Мала Преспа.
Село Туминец е расадник на млади таленти и секоја година фудбалската екипа на село Туминец предводена од капитенот Драган Вурмо е главен фаворит за освојување на пехарот.
©Македониум