Нико Коламовски веќе 4 години служи во здравствениот дом на Пустец, додека со медицински услуги ги покрива селата Шулин, Леска, Зрноско и Церје и по 32 годишниот престојот во Република Македонија се враќа во неговиот роден крај.
– Желбата да и помогнам на македонската заедница, на моите луѓе од каде мие е потеклото. Подобрување на условите за живот, подобрување на условите за работа. Се чувствувам добро, се чувствувам на мое место, затоа се вратив. Повеќето овде се постари лица над 70 години кои не можат да се движат. Децата ги немаат овде и се трудиме да им помогнеме колку што можеме, изјави Нико Коламовски за државната албанска телевизија.
Тоа го разликува од многу негови колеги, кои се почесто ја напуштаат Албанија, а тој одлучил да остане верен на својата земја и да ја практикува професијата лекар во Пустец.
Мисијата на лекарите дојде до израз главно во периодот на пандемијата, каде со професионализам и посветеност, белите кошули им беа посветени на пациентите погодени од овој досега непознат вирус, останувајќи верни на „Хипократовата заклетва“ во својата хуманитарна мисија.