КОРИФЕЈОТ ОД СУВА ГОРА

СТЕРЈО СПАСЕ – ОКОТО И ГЛАСОТ НА РОДНИОТ КРАЈ

Дури до вечноста на паметењето е истражувано и копано по личностите на големите писатели. Не е оставена неискористена ниту една енигма cè co цел да се постигне комплетирање на книгата, иако секогаш била отсутна сопствената архива и комплексот на човечките впечатоци… Во случајот на писателот Стерјо Спасе не бил отсутен ниту романот-живот, каде што сè е речено низ сопствената архива на еден творечки живот долг над 60 години.

„Книгата му прилега на татко му и го почестува синот што ја напишал…” рекол писателот Зиса Цикули во предговорот на книгата „Мојот татко Стерјо” напишана од синот Илинден Спасе.

Еден меморијал и споменик е тој, ќе истакнев јас за тој уметник-мајстор на зборот кој секогаш ги галел чувствата. Секогаш сонце што свети и не зајдува. И зборот нема крај за него како човек и за делото негово што го оставил…

Тој, големиот Стерјо Спасе, се родил во село Глобочени, Мала Преспа, таму, во една куќа над селото, која од далеку личи на еден голем чардак, изградена во една ширинка која се вика Стара Нива. Покривот на големиот чардак се потпира на осум дрвени столба, кои, заедно со целиот дрвен материјал, се донесени од преку Езерото од густите гори со смреки, фои и борови, кои се простирале над манастирот Света Марена, таму, некаде зад селото Туминец, покрај Преспанското Езеро.

Неговото пошироко семејство, неговата лоза го носела презимето Ничовци и биле едни од поголемите семејства во селото. Потоа, писателот Стерјо за свое презиме го употребуваше името на татко си Спасе. И, токму од тука почна големиoт “Од …” на сè уште малиот Стерјо, кој беше член на една голема фамилија.
Кога се спомнува градот Корча, со тој елитен портрет на еден „Мал Париз”, за време на културните истражувања, се чувствува свежа и убава творечка духовна сила, која извирала од срцето на класичниот писател Стерјо Спасе.

Со романот, ЗОШТО?!”, тој во 30-тите години во културните и литературните писма внесе еден филозофски романтизам, изграден со уметноста на писателот. Вистина беше идеалист, но истовремено беше и реалист. Тоа што го направи писателот Стерјо Спасе во тоа матно време на албанската и на сцената на Балканот е една рамнотежа помеѓу вулгарната состојба и напредните мисли на современиот интелектуалец.

Романот-прашање “ЗОШТО” во контурите на еден матен живот на околниот свет ги исполни празнините на животот на писателот, на младиот Стерјо Спасе. Еден роман-чувство кој со години отворал дискусии низ широките слоеви на општеството. Поединечни страсти и гласови го ставиле во прашање талентот на авторот, но никогаш не стигнале да го затемнат ниту малку сјајот на светлината на големиот писател, кој зрачи дури и во светската култура на вагата на Модерната уметност.

Посебно задоволство во читањето и пречитувањето на овој роман постои во умешноста на пишувањето, во големиот талент на сè уште младиот писател, кој го напишал првиот роман, кој истовремено бил и првиот роман во Албанија, во поставувањето на логиката и филозофијата во корист на тогашните општествени околности, во корист на животот и реалноста. Стерјо Спасе се усоврши и стана комплетен во правец на своето творештво.

Тој личеше на еден Корифеј слезен од Сува Гора, дојден во своето Глобочени, каде што сон сонуваше за една блескава иднина на своето село, на својата Преспа, на Својата земја, од под ладните сенки на широките чардаци. Со својата физичка убавина, со својот начин на комуницирање, со својот авторитет, секогаш критички, Стерјо Спасе стана еден суперпроизводител во рудникот на романите што зрачат со својот стил и содржина. Тој напишал десетина романи и безброј други литературни дела со кои ја опиша тогашната состојба на Македонците во Мала Преспа, а ги истакна и сите свои визии и желби за една убава, среќна и богата Преспа.

Меѓу другото, еден од неговите пријатели, во една свечена пригода посветена на животот и делото на Стерјо Спасе, рече: “Стерјо Спасе нема потреба за нашиот збор и за овеличување од наша страна бидејќи тој самиот си го подигна својот портрет, своето име, својот авторитет. Ние имаме потреба за неговото име и за неговото дело…”.

Стерјо Спасе беше почесно име, горделиво македонско име на полето на културата. Тој е гордост за своето семејство, за поширокиот круг на неговите роднини и пријатели, за неговото родно село Глобочени, за Мала Преспа и за цела Македонија.

Навистина е жално што сè уште не се познава вкупното негово литературно дело во пошироката македонска јавност бидејќи сè уште не е целосно преведено на македонски јазик, но едно е вистина во светот и ако се малкумина, тие што се потопени и се изедначуваат со своите родни места, меѓу тие малку личности е и ликот и делото на големиот наш писател Стерјо Спасе, кој навистина е потопен со име, со дело, со снага, со сè што е негово во Името и постоењето на нашата Мала Преспа. Стерјо и Преспа се едно и само едно…


СПАСЕ ТАНАСИ