Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (или 23 декември според јулијанскиот календар), а другиот во летниот период на 3 јули (20 јуни).
Тој лекувал од секакви болести и луѓе од разни вероисповеди, односно сите што искрено и со верба му се обраќале.
Свети Наум Охридски Чудотворец (са. 830 – 23 декември 910) е средновековен словенски научник, писател, учител, и еден од основоположниците на словенската писменост и македонската писменост и просвета.
Имено Св. Наум остана запаметен како чудотворец со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од различни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и припадност.
За животот и дејноста на Св. Наум се знае дека заедно со Св. Климент Охридски се едни од петмината ученици на словенските просветители Св. Кирил и Методиј кои учествувале во Моравската мисија во Рим во 9 век. По смртта на Методиј дошол во Македонија и брегот на Охридското Езеро го изградил манастирот кој го носи неговото име.
Но, споменот на Св. Наум најповеќе останал во народните преданија и легенди. Во овие прозни народни умотворби народот раскажувал за сето она што го привлекувало неговото внимание, а било во врска со светителот ( лекување болни, скротување на зверови, изградба на манастирот, негова заштита).
Во преданијата и легендите се раскажува за изборот на местото за лекување на лица од страна на светителот и подарување на имот на манастирот, за подарување н камбани и и други дарови на манастирот од оние на кои им помогнал.
Кога починал свети Наум на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај, поради големите добродетелства што ги правел. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што одговара за Св. Наум Господ со рака му покажал кон неговиот манастир велејќи му: Она е твојот рај.
Ти таму ќе бидеш засекогаш! “Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро“ каде и натаму му помага на оние кои низ молитвите молат да им помогне.
©Mакедониум