Кристиан Ѓорѓи од Мала Преспа учесник во Македонското музичко талент шоу „Нови и млади“

Во новата сезона од македонското музичко талент шоу „Нови и млади“ учествуваше и 22-годишниот Македонец од Мала Преспа, Кристиан Ѓорѓи.

Кристиан Ѓорѓи го имаше својот прв настап во македонското музичко талент шоу „Нови и млади“ каде настапи со песните “Ангела, Ангела” и “Сите пеат а јас тагувам” и доби позитивни оценки од страна на членовите на жирито.

Македонското музичко талент шоу „Нови и млади“ е во продукција на ИН продукција додека водителка на Македонско талент шоу е познатата Анита Даева.

Ова шоу е моментално најгледаното Македонско естрадно ТВ шоу.

Весник Македониум му посакува успех во кариерата на младиот и талентиран Кристиан Ѓорѓи.

©Македониум