Познатиот претприемач Ѓерѓ Луца пред една година најави заживување на поранешната фабрика за шеќер во Малиќ, враќајќи и го стариот сјај преку инвестиции и работа. Уништените магацини за брзо ќе бидат новиот дом на „Rozafa Fish City “ во југоисточниот град на Албанија.
Работата во Малиќ се движи со брзо темпо и Луца вели дека подигнал споменик во чест на Никола Калфа кој ја водел фабрика на шеќерот во славните години.
„Овој човек овде е Никола Калфа, поранешниот директор на комбинатот кој учествуваше во изградбата на овој голем комбинат, а потоа го водеше со илјадници вработени, од Корча, од околината, од Малиќ. И го избравме првиот споменик за спомен на овој великан“, вели Луца.
Додека стои покрај споменикот на Никола Калфа, Луца нагласува дека пожртвуваноста и работата на таквите луѓе треба да се промовира кај сите млади луѓе, да се мотивираат луѓето. „Ишала и сегашното време создаде мажи како работата на овие овде, кои беа 24 карати“, заклучува претприемачот на Fish City во своето видео објава на фејзбук.
Никола Калфа беше со македонско потекло од селото Врбник, областа на Девол, македонско егејско село во Албанија.
https://www.facebook.com/watch/FISH.CITY.ROZAFA/
©Македониум