НАЗИФ ДОКЛЕ ПОСХУМНО ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА ОКРУГОТ НА КУКС

Советот на Округот Кукс посхумно го прогласи Назиф Докле за почесен граѓанин на Округот на Кукс. Во образложението се наведува дека одлуката се носи поради неговиот придонесо како достоинствен истражувач на многу архиви за извлекување на историската и националната вистина, со извонреден придонес во развојот на уметноста и културата во целиот округ Кукс.

На свечената церемонија организирана од страна на Округот Кукс за доделување на почесната титула присуствуваа негови блиски роднини, пријатели, почитувачи на неговото дело.

Назиф Докле е роден на 15 јануари 1945 година во село Борје, областа Гора, Албанија. Се декларираше она што и беше, Македонец, интелектуалец од областа Гора, борец за правата на Македонците во Албанија. Завршил ликовна уметност во Тирана, отсек склуптура, потоа завршува Висока педагошка школа во Скадар, специјалност албански јазик и литература.

Долги години работел како учител, главен инспектор за образование во округот на Кукс и директор на музејот во Кукс, а се занимавал и со сценографија и бил режисер на повеќе документарни филмови. Бил член на Друштвото на писателите и уметниците на Албанија од 1975 година.

Назиф Докле е собирач на фолклор од областа Гора, основач и прв претседател на етно-културното друштво на Македонците „Гора“ во 1991 година.

Истражувачката активност на Назиф Докле вклучува повеќе материјали од областа на историјата, лингвистиката и етнографијата. Објавил над 35 книги, 130 текстови во весници, како и научни и културни списанија во Албанија и други држави. Најпознати негови трудови се речникот „горански-албански“ со над 43.000 зборови, „За Гора и Гораните”, „Муке Миле”, „Севни бре ашик, севни бре душо”, „Горански народни песни”, „Богомилизмот и етногенезата на торбешите од Гора во Кукс” и други.

Назиф Докле е автор на повеќе уметнички изложби. Бил организатор на повеќе фестивали во Кукс каде е претставен богатиот фолклор на областа Гора. Назиф Докле почина на 30 декември 2014 година.

©Македониум