Училиштата од Корча, „Раќи Ќиринџи“ и „Темистокли Гермењи“ во соработка со училиштето „Трајан Ѓорѓиефски и Митре Колефски“ од Пустец, организираа активност во музејот „Стерјо Спасе“ во Глобочени, инспирирана од мотивите на ранато творештво на писателот од македонско потекло Стерјо Спасе, пренесува весник Македониум.
Учениците од овие училишта го донесоа патувањето на Стерјо Спасе во неизвесноста на егзистенцијалните прашања на романот „Зошто?“.
Идеја, реализација: Наставниците од училиштата „Раќи Ќиринџи“ (Резар Начо, Герти Далто) и „Темистокли Гермењи“ (Енеида Брати), во соработка со училиштето „Трајан Ѓорѓиевски и Митре Колефски“, Пустец.
Оваа активност беше поддржана од претседателката на советот на округот на Корча, Ана Веруши и општина Пустец.
Стерјо Спасе е роден во село Глобочени, на 14 август 1914 година додека починал на 13 септември 1989 година во Тирана. Стерјо Спасе живееше како Македонец, со дела вткаени во современата албанска литература. Стерјо Спасе е еден од најзначајните претставници во современата албанска литература. Стерјо Спасе истовремено е еден од најуспешните писатели во Албанија од македонско потекло.
Во 1935 година во Корча го издава својот прв роман ” Од живот во живот – зошто”. Во романот наречен едноставно “Зошто” ремек-дело на неговото творештво, тој ја опишува историјата на млад интелектуалец, кој се вратил во своето родно село по завршување на обуката и за судирот со традиционалното, кој го води до самоубиство.
©Македониум